Section outline

    • Во денешно време, главен извор на вести и информации за голем дел одмладите луѓе се социјалните медиуми. Тоа значи дека и издавачите навести и корисниците се зависни од алгоритми кои целосно го одредувааттипот на содржина што ќе им биде прикажана.За издавачите, ова значи дека мора да ги прилагодат насловите,фотографиите и целите статии според тоа како ќе предизвикаат ангажман –кликови, споделувања и лајкови – на платформите на кои ги објавуваат.

      Алгоритмите на социјалните медиуми се збир од пресметки и правила штоги користат платформите за да одредат кој тип содржина ќе сеприоритизира во фидовите на корисниците. Едноставно кажано, колкуподолго гледате некоја објава (фотографија, видео, текст), толку повеќеслични содржини ќе ви се појавуваат. Доколку стапите во интеракција сонеа – читате коментари, лајкувате, коментирате, споделувате илизачувувате – бројот на слични објави во вашиот фид ќе се зголеми уштеповеќе. Ова не се однесува само на една платформа. На пример, акореагирате на одреден тип содржина на Facebook, многу е веројатно декаслична содржина ќе ви се појавува и на другите платформи кои гикористите. Одредени апликации ги користат податоците од вашиот профилза да ви прикажат „соодветна“ содржина – врз основа на вашатанационалност, возраст, местото каде што живеете, образованието,работното место и слично. Секоја социјална мрежа постојано ја следиактивноста на своите корисници за да утврди кој тип содржина ќе биденајинтересен за нив. Сè со една цел — да ги задржи што е можно подолгона платформата. Но што значи оваа цел кога станува збор за ширење ипромовирање на новинарска содржина?

      Користењето на алгоритми можеби на некои им звучи привлечно, бидејќи помага при полесно сортирање на содржината. Сепак, алгоритмите исто така можат да се користат за ограничување или целосно исклучување на одредени мислења и информации, доколку се процени дека таа содржина не е доволно „ангажирачка“ за целната група на корисници. Алгоритмите исто така ја одредуваат редоследноста и времето кога одредена содржина ќе им биде прикажана на корисниците. Ова значи дека ако некој се информира исклучиво преку социјалните медиуми, постои голема веројатност да формира мислење што е значително пристрасно и ограничено. Алгоритмите се „хранат“ од потврдната пристрасност (confirmation bias) – односно склоноста на корисниците да бараат информации што ги потврдуваат нивните постојни ставови – и создаваат филтер балони (filter bubbles), со што ги засилуваат однесувачките шаблони на корисниците и го ограничуваат критичкото размислување.

      ПРИМЕРИ ОД ПРАКТИКА

      Претседателските избори во САД обично се најследените избори во светот. Толку се популарни, што дури и се спроведуваат истражувања за тоа како би гласале граѓаните од други земји доколку беа американски државјани. Затоа, влијанието на алгоритмите врз политиката често се анализира токму преку овие избори и врз самите американски гласачи.

      На пример, истражувањата покажуваат дека на повеќе од половина од корисниците на Facebook кои биле опфатени со студијата, им била прикажувана содржина што одговара на нивните политички ставови, додека само 14,7% редовно гледале „спротивставена“ содржина (на пример, либерали што гледаат конзервативни објави и обратно). Дополнително, истражувањата покажуваат дека Twitter (сега X) значително го намалил бројот на гласови што Доналд Трамп ги добил на изборите во 2016 и 2020 година, како резултат на „либерални“ твитови што влијаеле врз умерените гласачи да не гласаат за него. Овие примери покажуваат колку социјалните медиуми можат силно да влијаат врз резултатите од изборите. Ако ги земеме предвид алгоритмите и нивната улога во ограничувањето на информациите што ги добиваат корисниците, не можеме да не се запрашаме: Дали социјалните медиуми треба да бидат построго регулирани кога станува збор за информирање?

      Алгоритмите исто така го зголемуваат консумирањето на лажни вести. Бидејќи тие се базираат на анализа на содржина со која корисникот најмногу комуницира или ја гледа подолго време, тоа може да доведе до искривена слика за реалноста. Во пракса, ова беше особено забележливо за време на пандемијата со COVID-19, кога се проширија многу лажни информации за вакцините, што доведе до пораст на антиваксерското движење.

      Голем дел од „доказите“ што ги користеа противниците на вакцинитепотекнуваа од социјалните мрежи и YouTube, наместо од стручни ирецензирани научни извори. Читањето само неколку такви статии илигледање видеа беше доволно алгоритмите на сите платформи да започнатда „бомбардираат“ со слична содржина, со цел да го задржат вниманиетона корисникот и да го натераат да помине што е можно повеќе времеонлајн.

      ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА НА КОНСУМИРАЊЕТО ВЕСТИ

      За да се избегнат негативните ефекти од едностраните вести, најчестопредизвикани од алгоритмите (како што беше објаснето погоре), треба да сепреземат неколку чекори. Најпрво, важно е да се нагласи декадиверзификацијата на изворите на вести не е значајна само за добивањепоточни и проверени информации, туку и за менталното здравје напоединецот.

      Континуираното изложување на исти тип вести (особено негативни) можесериозно да влијае на психичката состојба. Истражувањата покажуваат декапрекумерното следење вести – особено сензационалистички приказни –може да ја зголеми веројатноста за анксиозност, депресија и дури исамоубиствени мисли.Затоа, еве неколку конкретни чекори кои можат да помогнат:

      •Оценете ги вашите тековни навики за следење вести и користење социјални медиуми.

      Проверете дали информациите што ги добивате и вестите што гичитате се ограничени само на тоа што ви се појавува во фидот.Запишете ги темите што најчесто се појавуваат и проверете далипостои шема што би укажала дека тоа е резултат на алгоритми.

      • Размислете каков сè вид на вести постои околу вас.

      Разговарајте со вашето семејство и пријатели за нивните навики законсумирање медиуми. Проверете дали тие имаат различни навики штоможат да ви помогнат да ги проширите сопствените. Исто така, направетесопствено истражување и читајте медиуми што ретко – или воопшто – висе појавуваат во фидот.

      • Диверзифицирајте ги вашите извори.

      Нема ништо погрешно во тоа да ги добивате вашите информации од социјалните медиуми. Но, да се информирате исклучиво преку социјалните медиуми не е правилно. Обидете се да ги диверзифицирате изворите на информации, особено ако најдете такви што се точни и не објавуваат сензационалистички вести направени за кликови и споделувања.

      • Проверете ја веродостојноста.

      Обично, повеќе медиуми известуваат за иста тема или настан. Ако сеинтересирате за одредена тема или случување, обидете се да читате затоа од повеќе извори, особено од оние што се поверодостојни.Запомнете, ако постојано отворате статии што ја претставуваат истатагледна точка, алгоритмите ќе ви прикажуваат само такви содржини.Понекогаш, ако сакате да добиете прецизна слика и да оформитеобјективно мислење, мора сами да ја побарате спротивната перспектива.

      • Уверете се дека информацијата ви е навистина корисна.

      Обидете се да се фокусирате на вести што ве интересираат, и тоа одреномирани извори. Сензационалистичките приказни обично сепојавуваат во фидовите на социјалните медиуми затоа што привлекуваатнајмногу кликови и споделувања, дури и кога читателите не сезаинтересирани за темата. Затоа, останете во рамките на вашитеинтереси и имајте предвид дали целта на приказната е да ве информираили само да ве натера да кликнете и споделите.

      Постојат неколку прашања што можете да си ги поставите себеси (или на другите) за да проверите дали вие – и тие – го диверзифицирате начинот на кој консумирате вести:

      • Дали користам широк спектар на различни извори ?
      • Дали вестите што ги читам ми се интересни?
      • Дали сум свесен/свесна дека иако сензационалистичките приказни знаат да бидат интересни, возбудливи или провокативни, тие исто така може да бидат и лажни?
      • Дали вестите што ги читам се добро истражени, веродостојни и се потпираат на легитимни извори?
      • Дали користам различни апликации и издавачи за да ги добијам вестите?

      И, понекогаш, едноставно ви треба пауза.

    • Ве молиме, тука можете да ја најдете PowerPoint презентацијата за лекција 3, насловена како Алгоритамската ехо - комора: Навигирање низ вестите во ерата на социјалните медиуми

      Презентација

      • Algorithms & Quality NewsКако можеме да обезбедиме алгоритмите да препознаваат и промовираат новинарство засновано на факти и независност?

      • 2020 Election Studies Reveal Power of Facebook, Instagram Algorithms Истражување објавено во списанијата Наука и Природа, дел од досега најобемниот научен проект кој ја испитува улогата на социјалните медиуми во американската демократија.

      • How Facebook's newsfeed algorithm shapes childhood vaccine hesitancy За да се намали ефективноста на (дез)информациите за вакцините, од клучно значење е јавноста да се едуцира за тоа како алгоритмите на социјалните мрежи донесуваат одлуки за прикажување содржина во фидовите.
    • Вежбајте ги вашите вештини за писменост со решавање на овој краток квиз од 10 прашања за улогата на алгоритмите и социјалните медиуми.

       
    • Лекција 3

      Оваа лекција ја истражува улогата на алгоритмите на социјалните медиуми во обликувањето на содржината што корисниците ја гледаат на дигиталните платформи. Алгоритмите влијаат врз ширењето на сите онлајн информации, вклучително и политичкиот дискурс, и можат да придонесат за ширење на мисинформации. Учесниците ќе анализираат како овие алгоритми создаваат „филтер балони“, ги зајакнуваат пристрасностите и влијаат врз јавното мислење. Дополнително, лекцијата ќе претстави практични стратегии за препознавање на алгоритамска манипулација и за диверзификација на извори на вести, со цел унапредување на медиумската писменост и критичкото размислување.