Section outline

    • Вовед

      Логичките заблуди се грешки во расудувањето кои ја поткопуваат валидноста на аргументите, често правејќи ги да изгледаат убедливо иако немаат логичка основа. Тие често делуваат уверливо бидејќи користат емоционални апели, социјални предрасуди или погрешна логика. 

      Разбирањето на заблудите е клучен елемент на критичкото размислување, бидејќи им овозможува на поединците да ги оценуваат аргументите и да ја разликуваат здравата логика од погрешното расудување. Преку препознавање на вообичаени заблуди како ad hominem напади или аргументи со слама (straw man), учениците можат да научат како да се снаоѓаат во убедливата реторика и да избегнат да бидат заведени од неосновани тврдења. Подучувањето на логички заблуди развива интелектуална дисциплина, помагајќи им на учениците да ги преиспитуваат претпоставките, да бараат докази и да размислуваат независно. Дополнително, тоа ги унапредува нивните комуникациски вештини, овозможувајќи им јасно да ги претстават своите идеи и ефикасно да ги одбранат од критика.

      Во ера обележана со дезинформации и поларизирани дебати, препознавањето на заблуди им дава моќ на учениците промислено да се ангажираат со сложени прашања и да донесуваат информирани одлуки. Оваа вештина не е само клучна за академски успех, туку и суштинска за активно учество во граѓанскиот живот. Подучувањето на логичките заблуди помага во развивање на генерација на проницливи, рефлексивни и одговорни мислители.


      Вообичаени логички заблуди

      • “Straw Man” Заблуда: Погрешно претставување на нечиј аргумент со цел полесно да се нападне.
        Пример: “Против си истражувањето на вселената? Значи ти е во ред да го игнорираш научниот напредок?”

      • "Ad Hominem": Напаѓање на личноста наместо на аргументот.
        Пример: “Не можеш да му веруваш за климатските промени– не ни завршил факултет!”

      • "Slippery Slope": Претпоставка дека еден чекор неизбежно ќе доведе до низа негативни настани. 
        Пример: “Ако дозволиме едно задоцнето предавање, наскоро никој нема да ги почитува роковите.” 

      • Повик на авторитет:  Претпоставка дека нешто е точно затоа што го вели авторитетна личност.. 
        Пример: „Овој производ мора да е одличен – го препорачува спортист!“

      • Лажна дилема (или/или заблуда): Претставување само на две опции кога постојат и други, со што се наметнува поедноставен избор.
        Пример: „Или си со нас, или против нас.“

      • Заблуда на “стадото”: Претпоставка дека нешто е точно или добро затоа што е популарно или широко прифатено.
        Пример: „Сите го купуваат овој производ, значи мора да е најдобар.“

      • Црвена харинга: Воведување на нерелевантна тема со цел да се одвлече вниманието од оригиналното прашање.
        Пример: „Зошто да се грижиме за климатските промени кога има луѓе што немаат доволно храна?“

      • Заблуда на нирвана: Отфрлање на решение затоа што не е совршено, игнорирајќи дека сепак може да биде ефективно. 
        Пример: „Зошто да се мачиме со обновлива енергија? Не може веднаш целосно да ги замени фосилните горива.”

      • Повик на новина: Тврдење дека нешто е подобро само затоа што е ново или иновативно.
        Пример: „Овој нов план за диета мора да функционира подобро – развиен е оваа година!“

      • Потоа, значи поради тоа (лажна причина): Претпоставка дека бидејќи еден настан следи по друг, тој е и причината за него
        Пример: „Почнав да носам оваа алка, и сега имам подобри оценки сигурно ми носи среќа!“ 

      • Заблуда на “златна средина“: Претпоставка дека компромисот помеѓу две спротивставени позиции мора да биде точен, без оглед на доказите.
        Пример: „Некои велат дека Земјата е рамна, други дека е тркалезна  вистината мора да е некаде помеѓу.” 

      • Повик на традиција: Тврдење дека нешто е подобро или точно само затоа што отсекогаш се правело на тој начин. 
        Пример: „Секогаш го одржуваме овој настан на отворено – не може сега да го смениме тоа.“

      • Побрзана генерализација: Изведување заклучок врз основа на недоволни или нерепрезентативни докази.
        Пример: „Сретнав двајца невоспитани туристи од таа земја – сигурно сите таму се невоспитани.“ 

      • Циклично расудување: Користење на заклучокот како претпоставка, односно претпоставување на тоа што се обидуваш да го докажеш. 
        Example: “I’m trustworthy because I always tell the truth, and you can trust me to say that.” 

      • Повик на емоција: Користење на емоционални апели наместо логика за да се убеди некого
        Пример: „Помисли на сите гладни деца – нели сакаш да донираш денес?“ 

      • Барање на прашањето (Begging the Question): Претпоставување на вистинитоста на заклучокот во рамките на самиот аргумент.
        Пример: „Законот е добар затоа што е закон.“ 

      • Tu Quoque (и ти исто – заблуда): Отфрлање на критиката со укажување на лицемерието на оној што критикува.
        Пример: „Ти велиш дека не треба да пишувам пораки додека возам, ама те видов тебе како го правиш тоа минатата недела!“

      • Двојно значење: Користење на двосмислен јазик за да се доведе во заблуда или погрешно прикаже нешто.
        Пример: „Знакот вели ‘Fine (eng-казна) for Parking Here’, значи паркирањето тука е во ред!“ 

      • Повик на незнаење: Тврдење дека нешто е точно или неточно затоа што не е докажано спротивното.
        Пример: Никој не докажал дека вонземјани не постојат, значи мора да се вистински.“
      • Заблуда на составот: Претпоставка дека она што важи за деловите мора да важи и за целината.
        Пример: „Секој играч во тимот е одличен, значи тимот мора да биде непобедлив.“

      Софизми и парадокси

      Софизмите и парадоксите, во суштина, претставуваат логички или интелектуални загатки и противречности кои ги збунувале филозофите, логичарите и научниците низ историјата. Станува збор за проблеми што создаваат забуна и го предизвикуваат конвенционалното размислување. Терминот парадокс потекнува од грчкиот јазик, комбинирајќи ги зборовите para (спротивно) и doxa (мислење или верување).

      Парадокс е изјава или група изјави што водат до противречности или го нарушуваат интуитивното разбирање. Парадоксите го поттикнуваат критичкото размислување со тоа што ги разоткриваат ограничувањата на човечкиот суд и алатките за расудување. И покрај нивната збунувачка природа, парадоксите често биле поттик за значајни интелектуални пробиви. Понекогаш било неопходно развивање на нови математички принципи или физички закони за да се решат заклучоци кои на почетокот изгледале „очигледно неприфатливи“.

      Зборот софизам исто така има грчко потекло, и произлегува од зборот sophia (мудрост). Сепак, софизмот носи негативна конотација. Тоа се однесува на измамнички или привидно валиден аргумент што е внимателно скроен за да изгледа интелектуално супериорно или за да ги доведе другите во заблуда. Софизмите ги создавале софистите во античка Грција, чие име исто така потекнува од зборот sophia. Иако софистите можат да се толкуваат како „мудри луѓе“, нивната репутација за лукавост и манипулација ѝ дала на оваа ознака помалку почесно значење – налик на „интелектуални измамници“. Овие луѓе биле како интелектуални маѓепсници, кои користеле реторички трикови и илузии за да импресионираат или измамат, слично на тоа како се вадат зајаци од шешири во дебати.
      Можеме да заклучиме, додека парадоксите го предизвикуваат интелектот и интуицијата со цел да ги поместат границите на знаењето и разбирањето, софизмите често ја злоупотребуваат реториката и логиката за помалку благородни цели, фокусирајќи се повеќе на привидот и убедувањето отколку на вистинската суштина.


      Еден од најраните и најпознати софизми е таканаречениот Парадокс на Епименид.

      Античкиот грчки филозоф Епименид создал загатка која гласи: „Сите Критјани се лажговци.“ Дали оваа изјава е точна или не? Ако сите Критјани лажат, а Епименид е Критјанец, тогаш неговата изјава дека сите Критјани лажат мора да е точна.Но, ако тоа е точно, тогаш не сите Критјани се лажговци, што создава противречност.Од друга страна, ако заклучиме дека не сите Критјани лажат и дека неговата изјава е лажна, тогаш всушност мора да е точно дека сите Критјани лажат. Ова создава бесконечен круг на расудување без решение.


      Друг грчки филозоф, Евбулид од 4 век п.н.е., измислил уште поинтригантен парадокс: „Она што сега го велам е лага.“ Или поедноставено: „Јас лажам.“ Ако изјавата е точна, тогаш таа мора да е лажна. А ако е лажна, тогаш мора да е точна, што резултира со логичка противречност.

      Покрај Епименид и Евбулид, можеби најпознатиот грчки филозоф запаметен по своите парадокси е Зенон од Елеја (од Миконос), чии некои парадокси и денес се добро познати – како на пример „Ахил и желката“. Во овој парадокс, Ахил се натпреварува со желка, давајќи ѝ предност од 100 метри. Ако желката се движи десет пати побавно од Ахил, а Ахил ја преполовува оддалеченоста меѓу себе и желката на секои 10 секунди, желката продолжува да напредува малку по малку во секој интервал. Ахил постојано ѝ се приближува, но теоретски никогаш не ја престигнува.

      Поврзан парадокс е Зеноновата Стрела: Ако сè што зазема простор во даден момент е во мирување, и објект што се движи исто така зазема простор во секој даден миг, тогаш летечка стрела мора да биде неподвижна. Бидејќи не може да биде на две места истовремено, а времето е бесконечно делливо, стрелата теоретски никогаш не ја достигнува својата цел.

      Конечно, да споменеме еден добро познат парадокс што ја предизвикува модерната физика: таканаречениот  Парадокс  на близнаците.

      Замислете двајца близнаци, од кои еден тргнува на космичко патување со вселенски брод, додека другиот останува на Земјата.  Бидејќи  времето е релативно, за близнакот што патува со брзина блиска до брзината на светлината, времето забавува.

      Кога патувачкиот близнак ќе се врати на Земјата по 20 години, тој ќе изгледа значително помлад од својот брат или сестра. За близнакот штоcпатувал, можеби поминале само околу 10 години, додека за оној што останал на Земјата поминале целосни 20 години.

      Колку и да звучи чудно, овој исход е целосно во согласност со теоријата на релативноста!

       

      Зошто паѓаме под влијание на логички заблуди?

      Стануваме жртви на логички заблуди поради вродени когнитивни пристрасности и емоционални влијанија кои го нарушуваат нашето расудување. Когнитивните пристрасности, како што е пристрасноста на потврдување, нè наведуваат да ја преферираме информацијата што се совпаѓа со нашите постојни верувања, додека ја игнорираме спротивната, што ги прави погрешните аргументи да изгледаат уверливо. Дополнително, нашата зависност од ментални кратенки (хеуристики) за брза обработка на сложени информации може да доведе до поедноставувања и грешки во процената. Емоционалните влијанија, како страв, гнев или возбуденост, понатаму го замаглуваат размислувањето, заменувајќи ја рационалната анализа со импулсивни реакции. Социјалните притисоци, како желбата да се вклопиме или да добиеме одобрување, исто така играат улога, зголемувајќи ја веројатноста да прифатиме популарни, но погрешни аргументи. Покрај тоа, заблудите често користат уверлив јазик или ги искористуваат празнините во нашето знаење, што го отежнува нивното препознавање. Разбирањето на овие тенденции е клучно за препознавање и отпор кон заблудите, овозможувајќи појасно и поразумно донесување одлуки.

    • Ве молиме, тука можете да ја најдете PowerPoint презентацијата за лекција 12, насловена како Логички заблуди: Препознавање и избегнување на погрешно расудувањеПрезентација 12

      • Your Bias Is – Веб-страница со постери и информации за когнитивни пристрасности.

      • PRECOBIAS – Педагошки ресурси: проект што содржи наставни планови за критичко размислување и когнитивни пристрасности.
    • Вежбајте го вашето знаење за логичките грешки со решавање на овој краток квиз од 10 прашања.

    • Слика

      Оваа лекција ги истражува логичките заблуди, кои претставуваат грешки во размислувањето што ги ослабуваат аргументите и можат да се користат за манипулација со публиката. Учениците ќе научат да препознаваат и анализираат чести заблуди што луѓето често ги користат несвесно. Тие ќе учествуваат во дискусии, практични вежби и дебати со цел да ги развијат своите вештини за критичко размислување и способноста да конструираат здрави аргументи. Лекцијата е дизајнирана да ги подобри вештините за расудување на учениците, нивната способност за оценување аргументи и да ја зајакне нивната способност за логичка расправа.