Критичко размислување на спроти информациски на рушувања и пропаганда
Section outline
-
ПРЕДГОВОР: Информирање на Балканот
Добредојдовте на онлајн курсот „Сортирај факти од фикција: Критичко размислување наспроти информациско нарушување и пропаганда“!
Оваа програма за учење е посветена на новинската писменост и критичкото размислување, а беше развиена во рамките на MEDActive Youth project, имплементирано во рамките на програмата Еразмус+ со поддршка на Европската комисија.
Првенствено е наменет за младински едукатори и младински работници, за да се користи и за сопствен професионален развој и како образовен материјал при работа со млади луѓе. Сепак, погоден е и за други едукатори, како што се обучувачи за образование на возрасни. По завршувањето на курсот, едукаторите ќе можат да ги пренесат своите новостекнати вештини за новинска писменост на други.
Структуриран во 15 лекции, курсот ги опфаќа сите клучни теми во новинската писменост, вклучувајќи: Вовед во медиумска писменост; Видови медиуми: традиционални, дигитални, масовни и социјални; Улогата на алгоритмите и социјалните медиуми; Пост-вистина и информациски нарушувања; Ефективни стратегии за пребарување; Лажни вести, дезинформации и мисинформации; Алатки за проверка на факти и верификација; Слики и видеа генерирани со ВИ; Младински медиумски активизам; Што е критичко размислување?; Вештини и алатки за критичко размислување; Логички заблуди; Критичко читање на медиумски пораки; Анализа на новинарски статии; and Глобални перспективи за вестите.
Лекциите вклучуваат текст, слики, видео материјали, презентации, релевантна литература и постоечки отворени образовни ресурси, како и квизови за проверка на вашето знаење. На крајот од секоја лекција, ќе најдете и соодветна наставна програма што вклучува упатства чекор-по-чекор за креативно и ефикасно презентирање на лекцијата на младата публика.
Авторите на овој курс со самостојно темпо, кој можете да го следите кога и како ви одговара, 24/7, се членовите на експертскиот тим на партнерите во проектот, предводен од лидерот на тимот д-р Александар Павловиќ и Ромина Бегај.
Уживајте во курсот!



Финансирано од Европската Унија. Сепак, изразените ставови и мислења се само ставови на авторите и не ги одразуваат нужно ставовите на Европската Унија или на EACEA. Ниту Европската Унија ниту органот што ги доделува не можат да бидат одговорни за нив.